Канада доставува воена помош за Украина

Два канадски брода кои превезуваат воена помош што не содржи смртоносно оружје, денеска треба да се вкотват на пристаништето во Одеса. Помошникот на украинскиот претседател, Јуриј Бирјуков, вчара го најави доаѓањето на канадските бродови. Бирјуков рече дека воената помош, главно зимски униформи и чизми, ќе биде примена од страна на волонтерски агенции во Одеса и ќе биде дистрибуирана до војниците кои се борат против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Бирјуков најави дека друга испорака со помош од Канада очекуваат на крајот од јануари. Литванскиот министер за одбрана, Јуозас Олекас, вчера рече дека неговата земја и дала воени материјали на Украина, без да прецизира какви. Олекас беше цитиран од страна на украинскиот претседател, Петро Порошенко, велејќи дека помота се состои од „елементи на оружје“.