Спејс Икс се обидува да слета ракета на море

Илустрација

Приватната компанија од САД, Спејс Икс, денес се подготвува да лансира уште еден товарен брод кон Меѓународната вселенска станица. Но, компанијата исто така се обидува да ја слета ракетата, која ќе го лансира вселенското летало, врз платформата во океанот. Во првата етапа беспилотната ракета Фалкон ќе лета околу 240 километри во воздух, пред да отпатува назад и да се обиде да слета на платформата која е одалечена околу 320 километри од брегот на Флорида.

Досега обично ракетите кои ги движат леталата во орбитата паѓаат назад како ѓубре во океанот. Сепејс Икс се надева дека ќе покаже како ракетите може да бидат повторно употребувани. Интернет претприемачот, милијардерот Елон Маск кој ја предводи Спејс Икс, рече дека не знае дали обидот ќе биде успешен. Товарниот брод Фалкон носи околу 2.200 килограми продукти во Меѓународната вселенска станица.