Времето денеска: сончево со силен ветер

.

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер, особено во источните делови и по должината на Повардарието, кој на моменти ќе достигне брзина до 70 километри на час. Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 1, а дневната од минус 4 до 4 степени.

Во Скопје и околината рано изутрива имаше повремени слаби врнежи од снег, а преку денот облачноста ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 4, а дневната ќе се искачи до 2 степена. Потоа следува период на претежно стабилно и суво, но студено време. Можно е провејување на слаб снег. Во петок се очекува постепен пораст на температурата.