Во Турција се уапсени 22 полицајци поради прислушување

Илустрација.

Турската полиција денеска изврши рација ширум земјата, при што се уапсени 22 полицајци осомничени за нелегално прислушување на нивни колеги, државни службеници и бизнисмени. Апсењата се дел од кампањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган против приврзаниците на својот противник, а поранешен сојузник, свештеникот Фетулах Ѓулен кој живее во САД. Канцеларијата на државниот обвинител во провинцијата Газиантеп ја координирала рацијата во 13 градови, главно во источниот и југоисточниот дел на Турција. Во текот на минатата година турските власти веќе уапсија неколку десетици полицајци осомничени дека го прислушувале Ердоган и останатите функционери.