Стратфор: Русија го губи влијанието врз Бугарија и врз Србија

Стопирањето на проектот Јужен тек и кризата на рубљата се двата важни елементи кои го намалуваат влијанието на Русија врз Бугарија и врз Србија, се наведува во заклучокот на анализата на Стратфор.

„Намалувањето на цената на нафтата и економските санкции доведоа до пад на вредноста на рубљата за 40 проценти од почетокот на 2014 година и двете балкански држави со традиционално силни врски со Русија ќе имаат потешкотии за изнаоѓање на финансии и трговски кредити“, прогнозира Стратфор.

Стопирањето на проектот Јужен тек оневозможи и отворање на работни места во Бугарија и во Србија.

Двете држави се во голема мера енергетски зависни од рускиот гас.