САД можеби ќе ги преиспитаат роковите за повлекување од Авганистан

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека САД можеби сакаат да " го преиспитаат" распоредот за повлекување на преостанатите американските војници од Авганистан. Во интервју за американската телевизија ЦБС, Гаши истакна дека роковите се базираат врз разумот, но оти тие не треба да бидат догми. Ако двете страни, или во овој случај, повеќе страни, го имаат направено најдоброто за да се постигнат целите и ако напредокот е многу реален, тогаш би требало да има подготвеност да се преиспита крајниот рок, додаде тој.

Во почетокот на оваа година, авганистанските сили ја презедоа целосната одговорност за безбедноста во земјата. Од околу 140 илјади странски војници кои беа во Авганистан, останаа само околу 13 илјади кои во наредните две години ќе бидат ангажирани за обука на авганистанските сили.