Папата именуваше 20 нови кардинали

Папата Францис

Папата Францис именуваше 20 нови кардинали, меѓу кои има од Азија, Латинска Америка, Африка и Окејанија. Папата ги прочита нивните имиња пред насобраната толпа на плоштадот св. Петар за време на неговото неделно обраќање. Петнаесет од новите кардинали се под 80 годишна возраст, што значи дека имаат право да и се приклучат на конклавата кога ќе се избира наредниот папа откако Францис ќе почине или ќе се повлече од функцијата.