Рекорден број посетители на Аушвиц

Аушвиц

Рекордни милион и половина луѓе го посетиле нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц минатата година, според соопштението обајвено на веб страната на меморијалниот музеј. Никогаш досега во текот на една година толку многу луѓе не се запознале од прва рака со она што се случувало во Аушвиц, се вели во соопштението.

Кампот се наоѓа на југот на Полска и околу милион и 100 илјади луѓе, главно Евреи, но исто така Полјаци , Роми и други биле убиени или починале од глад и разни болести помеѓу 1940 и 1945 година.