Ирак побара воена помош од Австралија

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади побарал воена помош од австралискиот премиер Тони Абот на денешната средба во Багдад. Според него на Ирак му е потребно повеќе оружје и побрз тренинг во борбата со милитантите на Исламската држава. САД и други земји неодамна објавија програма која ќе им помогне на ирачките сили во борбата со милитантите од Исламската држава.