Иран негира дека бил постигнат договор со САД за нуклеарната програма

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.

Иран негира дека бил постигнат договор со САД за нуклеарната програма на земјата. Асошиејтед прес на 2 јануари цитираше два анонимни дипломати кои изјавиле дека Иран се согласил привремено да го испорача остатокот од збогатениот ураниум, кој е клучниот материјал за создавање на нуклеарно оружје во Русија. Иранското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека договор не бил постигнат.