Вучиќ-На Србија и претстои сериозна и светла иднина

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави синоќа дека на неговата земја и претстои многу сериозна и светла иднина. Тој притоа нагласи дека резултатите ќе се видат во мај 2016 година. Според него, ниту еден експерт од земјата и странство не е против владините мерки, и дека сите во Европа и светот зборуваат оти Србија е на вистинскиот пат. Вучиќ порача и дека нема да бара оправдувања за реформите и ќе продолжи да се труди тие да се спроведуваат, истакнувајќи дека „до добри резултати може да се дојде само со работа, труд и пот“.