Професорскиот пленум повика на ТВ дебата

Професорскиот пленум денеска на својата фејсбук страница објави повик за телевизиска дебата за законот за високо образование. Повикот се однесува на поддржувачите на законот, контра-пленумците, Министерството за образование и наука и Владата, со цел како што е наведено да се соочат со аргументите.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми пак испрати покана до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски за средба в понеделник во хотелот „Александар Палас“ со цел размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување и дебата за реформите.