Палестина побара да се приклучи на Меѓународниот кривичен суд

Палестинскиот амбасадор Ријад Мансур

Палестинските власти ги поднесоа документите за приклучување во Меѓународниот кривичен суд со цел да побараат Израел да биде обвинет за воени злосторства. Израел се закани дека ќе се одмазди доколку Палестинците се приклучат на судот на што се противат и САД. Палестинскиот амбасадор Ријад Мансур изјави дека целта за членството во судот е да се покрене прашањето за наводните злосторства на Израел, вклучувајќи ја и војната во Појасот Газа минатото лето.