Пакистан-Специјални воени судови за тероризам

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанските власти донеле одлука за промена на Уставот со цел да бидат формирани специјални воени судови за да се забрзаат процесите против осомничените за тероризам. Министерот за информации Перваиз Рашид и премиерот Наваз Шариф беа домаќини на средбата на политички и воени лидери кои се согласија да се воведе закон за менување на Уставот со кој ќе се дозволи воено-судски систем. Рашид по средбата изјави дека специјалните судови ќе ги судат сите терористи кои убиле невини цивили.