Временска прогноза-Затоплување и температури над нулата

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од нула до седум степени.

Во Скопје слично време, сончево и потопло со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до пет степени.