Крим ќе ги царини украинските стоки

Руските власти во анектираниот Крим соопштија дека сите стоки што на полуостровот ќе дојдат од Украина подлежат на царински давачки. Откако Русија во март минатата година го анектираше Крим од Украина, руските власти прогласија „транзициски период“ во кои украинските стоки можеше слободно да се носат на полуостровот, но тој период заврши на почетокот на годинава. Царинската управа во регионот соопшти дека сите стоки што се увезуваат од Украина мора да добијат царинска декларација. Постои загриженост дека новите царински давачки дополнително ќе ги зголемат цените во Крим.