Франција бара прекин на огнот во Украина

Франција соопшти дека би можела да и позајми два воени бродови Мистрал на Русија, само доколку прекинот на огнот се одржи во Украина и доколку "политичката мапа" за одржување на мирот се почитува. Говорејќи за радио Европа 1, министерот за одбрана, Жан-Ив Ле Дрејн рече дека досегашните напори за прекин на конфликтот "не се ниту веродостојни ниту проверливи."

Русија плати1, 2 милјарди за два брода, но Париз го замрзна предавањето поради кризата во Украина. Минатиот месец, Ле Дрејн ја предупреди Москва дека Франција "не може" да ги предаде бродовите. Рускиот претставник во НАТО, АлександарГрушко, на 26 декември, изјави дека неуспехот да се исполни договорот ќе ја поткопа довербата на Русија во странските добавувачи и може да биде уште еден поттик за да стануве се помалку зависна од странски компоненти. Рускиот заменик премиер Дмитриј Рогозин пак на 24 декември рече дека позицијата на Париз "е само демонстрација на геополитичките слабост на Франција".