Монс и Плзен европски престолнини на културата во 2015

Плзен

Белгискиот град Монс и чешкиот Плзен ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2015 година. Ја преземаат од летонскиот главен град Рига и шведскиот Умео кои годинава го славеа европското културно наследство.

Монс и Плзен на Европа ќе и понудат богата културна програма со многу концерти, изложби и урбани уметнички инсталации.

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауератот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјиште можат да финансираат големи проекти и програми од областана културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година.