Меркел вети обединет европски став спрема Украина

Германскиот канцелар Ангела Меркел во Новогодишната порака вети задржување на силната и обединета европска позиција против Русија околу украинската криза. „Европа не може и нема да прифати со сила да се крши меѓународното право“, изјави таа, оценувајќи дека во 2014 година Европа била сведок на непочитување на правото на земјите да решаваат сами. Притоа Меркел потенцира дека Европа сака безбедност заедно со Русија, а не против Русија.