Пет жртви од студеното време на Балканот

Најмалку пет луѓе починале од студеното време што деновиве го зафати Балканот. Во Бугарија биле пронајдени три лица кои замрзнале од студ, додека во Србија ниските температури и снежните врнежи биле причина за смртта на уште две лица. Во Македонија температурите и снегот предизвикал прекин на снабдувањето со електрична енергија. Многу студено време било забележано и во Босна и Херцеговина и Хрватска.