Времето денеска: претежно облачно

Во Македонија ќе биде претежно облачно, а ќе има и повремени врнежи од снег со слаб интензитет особено во јужните делови од земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе има извесно намалување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус пет, а дневната од минус осум до минус еден степен. Во Скопје во текот на денот ќе има намалување на облачноста и ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната ќе се искачи до минус четири степени. Во текот на новогодишната ноќ ќе се задржи умерено облачно и доста студено време. Температурата во земјава ќе се движи од минус 15 до минус четири, а во Скопје до минус девет степени. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер. Најстудено утро се очекува в петок кога температурата ќе се спушти од -20 до -11 степени.