Уапсен рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил уапсен додека се обидувал да стигне на недозволениот протест поради неговото денешно осудување на 3,5 години условна затворска казна за измама. Тој се упатил на собирот и покрај тоа што е во домашен притвор. По апсењето, на Твитер профилот на Навални беше објавен повик демонстрантите да не го напуштаат протестот, зашто „не можат да ги уапсат сите“. Во меѓувреме, руските медиуми објавија дека полицијата почнала да ги апси учесниците на протестот. Властите во Москва денеска најавија дека нема да дозволат протест поради осудувањето на Навални, кој смета дека процесот против него е политички мотивиран.