Десетмина загинати на запалениот брод на Јадранот

Бројот на жртвите од несреќата во Јадранско море до која дојде откако се запали траект кој пловел од Грција за Италија порасна на десет, соопштија претставници на спасувачките екипи. На бродот имало 487 патници и членови на екипажот, повеќето од Грција. Претходно, италијанските власти соопштија дека сите патници биле евакуирани, вклучувајќи го и капетанот. Италијанскиот премиер подоцна изјави дека на траектот можеби имало илегални имигранти кои се обидувале да стигнат во Италија. Пожарот избувнал во неделата во просторот за автомобили.