САД извеле воздушни напади во Сомалија

Соединетите држави извршиле воздушни напади во Сомалија чија цел бил лидерот на групата Ал Шабад која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда. Портпаролот на американското министерство за одбрана Марк Рајт прецизира дека нападите биле изведени во јужниот дел на Сомалија, но без да го каже името на лидерот, како и тоа дали притоа тој бил убиен.