Времето денеска: многу студено

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и многу студено. Попладне ќе има врнежи од слаб снег, а во западните и јужните делови ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено на планинските делови. Температурата ќе се движи од минус три до минус 13. Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно и многу студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до минус седум степени.