Горивото поевтинува за 3,5 денари

Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 3,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство три денари. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 63,5 денари за литар, а Еуродизелот за 52,5 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 41,5 денари. Се намалува и цената на мазутот М-1 која ќе изнесува 24,4 денари за килограм. Намалувањето се должи на поевтинувањето на суровата нафта на светските берзи.