Украина пред нова нуклеарна катастрофа?

Самопрогласениот заменик шеф на таканаречената Доњецка народна република Денис Пушилин предупреди дека Украина се соочува со уште една катастрофа како онаа во Чернобил поради одлуката на властите во Киев да го сменат снабдувачот со нуклеарно гориво. Според него, користењето на гориво од американската компанија „Вестерн хаус“ во нуклеарката во Запорожије ќе доведе до зголемена радиоактивност во тој регион.