Јосиповиќ и Китаровиќ во вториот круг претседателски избори

Иво Јосиповиќ

Победникот на првиот круг претседателски избори во Хрватска, актуелниот шеф на државата и кандидат на социјалдемократите Иво Јосиповиќ изјави дека до 11 јануари кога се одржува вториот круг, ќе ги увери гласачите дека неговата програма е пат за излез на Хрватска од кризата. Кандидатот на Хрватската демократска заедница Колинда Грабар Китаровиќ пак оцени дека граѓаните на вчерашните избори покажале дека сакале промени. Двајцата кандидати не успеаа да освојат над 50 насто од гласовите.