Лукашенко назначи нов премиер

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го назначи началникот на Генералштабот Андреј Кабуаку за нов премиер на земјата. Лукашенко го назначи Кабуаку веднаш по отпуштањето на претходниот премиер Михаил Мјасниковиќи шефот на Народната банка Надја Ермакова. Пред да стане шеф на кабинетот на Лукашенко, Кабуаку беше амбасадор на Белорусија во Русија. Ермакова беше заменета од страна на Павел Калаур, кој беше заменик-претседател на банката. До реконструкција на владата доаѓа бидејќи белорускиот лидер се надева дека ќе ја зацврсти економијата на неговата земја по последиците од економската криза во соседна Русија, нејзиниот главен трговски партнер. Таа, исто така доаѓа во пресрет на новата кандидатура на Лукашенко за реизбор во 2015 година. Тој е претседател на Белорусија од 1994 година.