Балканот го очекува силно снежно невреме

Метеоролошките служби во регионот предупредуваат дека за време на викендот силно снежно невреме ќе го зафати целото балканско подрачје. Возачите на моторни возила се предурпедуваат да не тргнуваат на пат без итна потреба. Во Хрватска, Црна Гора и Србија метеоролошките служби предупредуваат дека намалувањето на температурите е само вовед за снежното невреме што за време на викендот и последните денови од годинта ќе го зафатат целиот регион. Во Црна Гора снежни врнежи има во околината на Цетиње, а поради снежни врнежи е отежнат и сообраќајот на патниот правец Подгорица-Цетиње.

Медиумите во Босна и Херцеговина јавуваат дека интензивни снежни врнежи има на планините, каде за викендот веќе се очекуваат скијачи бидејќи снежната покривка ќе достигне 20 до 30 сантиметри. Хрватските медиуми најавуваат дека ниските температури се само вовед за тоа што следи, а силни снежни врнежи на територијата на Србија се очекуваат во недела попладне, кои ќе формираат снежна покривка од 10 до 30 сантиметри. Снежните врнежи ќе бидат проследени со силни ветрови и појава на снежни наноси. Метеоролозите предупредуваат дека од понеделник 29 декември до сабота 3 јануари не очекуваат ниски температури и студени денови.