Кина одлучна да се справи со илегалните верски објекти

Кинеската новинска агенција Ксинхуа јавува дека Владата подготвува список на официјално санкционирани верски објекти. Директоротна државната администрација за религиозни работи, Ванг Зуоанвчера објави дека комплетната листа на одобрени "будистички и таоистички места ќе биде објавена во текот на следните две години. Во соопштението несе споменуваат други религии, а Ванг ја фалилистата како алатка за борба против нелегалната верска активност. Пекинг се обидува да потисне голем број на религии и религиозни групи, вклучувајќи ги и Фалун Гонг, католицизмоти исламот. Кинеската полиција во југозападниот дел на провинцијата Гуангкси минатата недела приведе околу 50 членови на ујгурскто муслиманско малцинство, кои се обидувале да избегаат во Виетнам. Властите ги опиша затворениците како "религиозни екстремисти".