Рубљата повторно паѓа

Илустрација.

Руската рубља денеска повторно падна за четири проценти по петдневниот умерен раст и денеска еден американски долар се менува за 54 рубљи. Претходно овој месец руската валута достигна рекордно ниско ниво при што за еден долар се добиваа 80 рубљи. Падот се должи на ниската цена на нафтата на светските берзи и на западните санкции. Оваа недела рубљата порасна, но растот беше прекинат откако Руската централна банка соопшти дека од 12 до 19 декември потрошила 16 милијарди долари од девизните резерви за поддршка на националната валута.

Во меѓувреме, Русија најави дека во февруари ќе воведе извозна давачка од 43 долари за извезен 1 тон пченица од земјата. Овој потег има за цел да ги спречи руските производители на пченица да го извезуваат нивното производство во замена за девизи, практика што доведе до недостиг на пченица и зголемување на нејзината цена во Русија.