Јордан вети напори за ослободување на пилотот

Јордан вети дека ќе преземе се што е можно за ослободување на пилотот заробен од милитантите на Исламската држава откако неговиот авион се урна во Сирија. 26 годишниот пилот изведувал воздушни напади кога неговиот авион Ф16 се урнал во близина на сирискиот град Рака, кој всушност се смета за главен град на милитантите на Исламската држава. Вашингтон ги отфрли наводите дека милитантите го собориле авионот. Во меѓувреме, неговиот татко побара ослободување со оглед на тоа што син му бил со иста вера како милитантите.