ДОМ предлага да се одложи носењето на законот за високо образование

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) предлага да се одложи носењето на законот за високо образование, со цел, според партијата, да се обезбеди широка јавна дебата и да се земат превид аргументите на студентите и професорите.

„Ова е многу сериозен закон кој е многу важен за целото општество и бара длабинска анализа на целиот образовен систем. Зашто, ако постои можност за продукција на лоши кадри и лажни дипломи, тоа е проблем на институциите и на системот. Но, ДОМ не се согласува со брзината на носење на законот“, се наведува во денешното соопштение од партијата.