Нови мировни разговори за Украина во Минск

Архивска фотографија: Состанок на Контакт групата за Украина во Минск.

Разговорите за окончување на конфликтот во источна Украина беше одложени за два часа и треба да почнат во 15 часот по македонско време. На преговорите кои се водат во главниот град на Белорусија, Минск, учествуваат претставници на тн. Контакт група, односно претставници на Украина, Русија, проруските сепаратисти од источна Украина и ОБСЕ. Се очекува наредниот состанок да се одржи задутре. На последната рунда разговори во Минск во септември беше постигнат договор за прекин на огнот кој често се прекршува.