СПЦ благодарна на помошта околу Вранишкоски

Рускиот митрополит Иларион

Српската православна црква и се за благодари на Руската православна црква на трудот и напорите за ослободување од затвор на, како што се наведува во соопштението, архиепископот Јован. Рускиот митрополит Иларион деновиве престојуваше во Македонија при што разговараше со премиерот Никола Груевски и со поглаварот на Македонската православна црква Стефан. Архиерејскиот синод на МПЦ вчера ги повика македонските власти да покажат милост спрема заболениот Јован Вранишкоски кој отслужува казна затвор од три години за проневера на 250 илјади евра.