Стапува во сила договор за трговија со оружје во светот

Денеска стапува во сила договорот со кој се регулира трговијата со оружје во светот. Станува збор за прв договор во кој се прецизираат правилата за продавање оружје, зделка која годишно вреди над 85 милијарди долари. Од 130 земји кои го имаат потпишано овој договор, 60 го имаат и ратификувано, меѓу нив, Франција, Германија и Британија, едни од најголемите извознички на оружје во светот. Соединетите држави и Израел го немаат ратификувано, додека Русија, Кина, Индија и Пакистан воопшто го немаат ни потпишано. Со договорот се регулираат меѓу граничните трансфери на конвенционално оружје.