Екс претседателот на САД Џорџ Буш постариот во болница

Поранешниот американски претседател Џорџ Х. В. Буш е хоспитализиран во Хјустон, Тексас. Соопштено е дека 90 годишниот Буш имал тешкотии со дишењето и оти во болницата е со неговиот син исто така екс претседател на САД Џорџ Буш помладиот. Буш во почетокот на минатата година мина два месеца во болница поради бронхитис.Тој во јуни годинава 90 роденден го прослави со падобрански скок во близина на неговиот дом во Мејн.