Дау Џонс на историски највисоко ниво

Американскиот берзански индекс Дау Џонс постигна историски највисоко ниво, за прв пат во својата 118-годишна историја надминувајќи 18.000 поени. До ова дојде откако американската влада објави дека растот на економијата во третиот квартал бил 5 проценти, што е најголема стапка на раст во САД во последните 11 години. Берзанските трговци се охрабрени од знаците на зајакнување на американската економија и уверувањето дека Федералните резерви наскоро нема да ги зголемат каматните стапки.