Иранската армија на големи воени вежби

Илустрација.

Иранската армија на 25 декември ќе започне големи воени вежби во јужниот дел на земјата. Командантот на иранската морнарица, адмирал Хобибола Сајари, изјави дека во седумдневните вежби наречени „Мохамед Росулолах“, односно „Мухамед – гласникот на Алах“, ќе бидат вклучени армијата, морнарицата и воздухопловните сили. Во вежбите ќе учествуваат и морнаричките сили на Иранската револуционерна гарда и паравоената милиција Басиџ. Бригадниот генерал Абдолрахим Мусави минатата недела рече дека воените вежби носат порака на „мир и пријателство“ и покажуваат дека Иран „се противи на присуство на странци во регионот“.