Најмалку 60 новинари убиени годинава

Илустрација.

Комитетот за заштита на новинари соопшти дека најмалку 60 новинари биле убиени годинава во врска со нивната работа. Во извештајот објавен денеска се наведува дека „невообичаено висок процент“ странски новинари биле убиени годинава додека известувале за конфликтите на Блискиот Исток, Украина и Авганистан. Со 17 убиени новинари годинава, Сирија трета година по ред е најопасното место за работа. Меѓу убиените таму се и американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф, кои беа обезглавени од милитанти на Исламската држава, а видео снимките од нивното погубување беа објавени на интернет. Од петмина новинари и двајца медиумски работници што беа убиени во Украина, шестмина се странци, соопштува Комитетот.