Амнести интернешнал: милитанти на ИД силуваат

Во најновиот извештај на Амнести интернешнал се наведува дека жени и девојчиња од верското малцинство језиди биле изложени на стравични сексуални насилства од милитанти на Исламската држава откако во текот на летото биле во нивно ропство. Извештајот се базира врз разговори со над 40 лица кои заедно со илјадници језиди биле во заробеништво откако џихадистите го освоиле градот Синџар во Ирак. Во извештајот се прецизира дека заробените жени и девојчиња, некои на возраст од 10 години биде изложени на тортура и силувања. Многумина од нив биле принудени да ја сменат верата.