Ердоган: контрацепцијата е предавство

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган оцени дека контролата на раѓањето е предавство. Ова го јавуваат турските медиуми прецизирајќи дека Ердоган ова го рекол на венчавката на синот на неговиот сојузник, бизнисменот Мустафа Кефелија. „Едно дете или две, не е доволно да ја зацврстиме нашата нација. Потребна ни е подинамична и помлада генерација. Мораме да ја доведеме Турција до нивото на модерните цивилизации“, изјавил Ердоган кој во минатиот месец предизвика незадоволство кај феминистките со изјавата дека секоја жена треба да роди барем три деца и оти жените не се рамноправни со мажите. Ердоган има четири деца, два сина и две ќерки.