Со комбе меѓу купувачи во Нант, десетмина ранети

Нант

Десет луѓе биле повредени, од кои петмина потешко, кога едно комбе влетало меѓу купувачи на божиќен пазар во францускиот град Нант. Потоа, како што јавуваат новинските агенции, возачот сам се избодел со нож, нанесувајќи си сериозни повреди. Причините за нападот не се познати, но според досегашната истрага, не станувало збор за верски напад. Ова се случи еден ден откако еден човек извикувајќи „Алах е голем“ со автомобил влета меѓу пешаци во Дижон, при што беа ранети 13 луѓе. Во саботата француската полиција убила еден човек кој ги нападнал извикувајќи „Алах е голем.