Изборите во Узбекистан без конкуренција

Набљудувачката мисија на ОБСЕ соопшти дека немало вистинска конкуренција на парламентарните избори во Узбекистан. Во денешното соопштение се наведува дека вчерашните избори биле „компетентно спроведени, но оти немало вистинска изборна конкуренција и дебата“. Четири политички партии, сите поддржувачи на претседателот Ислам Каримов, излегоа на изборите на кои се борат за 135 пратенички места во 150-члениот долен дом на парламентот. Останатите 15 пратенички места автоматски одат за провладиното Еколошко движење. Каримов е на власт во земјата уште од советско време, а неговата влада често е мета на критики дека ги прекршува човековите права и дека не ги толерира политичките противници. Узбекистанската опозиција, која во голем дел е во егзил, повика на бојкот на изборите.