Попоски: Односите со соседите и економската дипломатија приоритети во 2015

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, оцени дека 2014 година била многу успешна и охрабрувачка за Македонија, на денешната средба со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во светот. Тој рече дека односите со соседите ќе бидат еден од приоритетите во надворешната политика за 2015 година во контекст на политичките задачи во чиј фокус останува ЕУ-интеграцијата. Втор приоритет е економската дипломатија, а третиот е интензивирање на грижата за македонските граѓани надвор од земјата.