Турскиот премиер Давутоглу во посета на Македонија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија. Тој, како што соопшти неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов. Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција. Ќе бидат разменети и мислења за регионални и меѓународни теми од заемен интерес. За време на престојот, Давутоглу ќе има и активности во рамките на одбележувањето на Денот на турското образование во Македонија.