Обама: Путин не е шаховски мајстор

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин не може да го измами во врска со фактите од кризата во Украина. „Путин не е шаховски мајстор кој може да ги измами Западот и Обама“, изјави американскиот претседател во интервју за телевизиската мрежа Си Ен Ен пред заминувањето за Хаваи каде што традиционално со семејството ги минува Божиќните празници. Според него, политиката на Путин и санкциите на Западот ја довеле Русија во сегашната економска криза. Руската валута во последниве денови забележа рекорден пад на вредноста поради намалувањето на цените на нафтата и западните санкции против Русија поради нејзината улога во украинската криза.