Кина е подготвена да и помогне на Русија

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изјави дека Пекинг е подготвен да и помогне на Русија да ги надмине економските проблеми. „Доколку на Русија и треба помош тогаш ние ќе и ја понудиме“, изјави тој наведувајќи дека двете земји постојано си помагале и оти Русија имала мудрост да излезе од тешкотиите. Рускиот претседател Владимир Путин деновиве оцени дека Русија не се наоѓа во криза поради падот на вредноста на рубљата.