Назарбаев сака да посредува во украинската криза

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев изјави дека бил подготвен да дејствува како „чесен посредник“ за да помогне во решавањето на кризата во источна Украина. Тој додаде дека имал добри односи и со Украина и со Русија која е обвинета од Западот дека ги снабдува со оружје проруските бунтовници во Украина. Назарбаев денеска во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Порошенко кој вчера имаше средба со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко кој исто така вети помош за Украина.